Се шири скандалот во НБА – Уапсен и тренерот на Порталнд Чонси Билапс

Се шири скандалот во НБА – Уапсен и тренерот на Порталнд Чонси Билапс

пред 8 часа

Тренерот на Портланд Треил Блејзерс, Чонси Билапс е еден од уапсените како дел од истрагата на ФБИ под сомнение за вмешаност во нелегални активности поврзани со спортско обложување, објавува ESPN. Билапс е уапсен речиси во исто време кога и кошаркарот на мајами Хит, Тери Розир.

Истражителите веруваат дека некои членови на лигата биле поврзани со организирана мрежа за обложување, но засега не е познато дали обвиненијата се директно поврзани со натпреварите во кои Билапс бил тренер.

ФБИ и Министерството за правда на САД најавија прес-конференција подоцна во текот на денот, каде што се очекува да откријат повеќе детали за случајот што ја тресе НБА.

Чонси Билапс (48) е еден од најпознатите плејмејкери на својата генерација и поранешен шампион на НБА со Детроит Пистонс, со кои ја освои титулата во 2004 година и беше прогласен за МВП на финалната серија.

За време на неговата кариера, тој играше на Бостон Селтикс, Денвер Нагетс, Њујорк Никс, Лос Анџелес Клиперс и Детроит, а е познат по прекарот „Mr. Big Shot“ поради неговата прецизност во одлучувачките моменти од натпреварите.

Ја започна својата тренерска кариера во 2021 година како главен тренер на Портланд, а претходно беше асистент во Клиперс една сезона.

Share
Scroll to Top