Селтик (повторно) заинтересиран за Миовски

Селтик (повторно) заинтересиран за Миовски

пред 2 дена

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, веројатно ќе ја напушти Џирона во летниот преоден рок. Интерес за Миовски повторно покажува шкотскиот великан Селтик.

Миовски, минатото лето од Абердин пристигна во Џирона за сума од 8.500.000 евра. Во Каталонија немаше добра сезона, постигна четири гола во 25 натпревари во сите натпреварувања, но речиси не играше во вториот дел од сезоната, поради повредите, но и поради одлука на тренерот.

Миовски има договор со Џирона до јуни 2028 година.

Селтик и минатото лето беше заинтересиран на Миовски, но тогаш „келтите“ сметаа дека Абердин бара премногу пари. Сега, кога се во потрага по напаѓач, менаџерот Брендан Роџерс сака да го врати Македонецот во шкотската Премиер лига.

Share
Scroll to Top