Сенегалецот се врати во Реал Мадрид

Сенегалецот се врати во Реал Мадрид

пред 3 часа

Кошаркарската секција на Реал Мадрид официјално објави на својата веб-страница дека е постигнат нов договор со Ели Ендиаје.

Сенегалскиот крилен центар, а доколку е потребно и центар, ќе биде играч на Реал Мадрид во следните две сезони, односно до летото 2028 година.

Ели играше за Реал Мадрид четири сезони, од 2021 до 2025 година, и освои осум трофеи.

Титулата шампион на Евролигата, три титули во шпанското првенство, Кралскиот куп и три шпански Суперкупа.

Тој го напушти Реал Мадрид зкога замина во НБА, доби двонасочен договор од Атланта Хокс и претежно играше за развојниот тим, па сега се врати во шпанската престолнина.

Реал во трката за потписот на Ендиаје, ги победи Валенсија и Басконија

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top