Сиетл ги прегази Њу Ингланд во Супербоул финалето

Сиетл ги прегази Њу Ингланд во Супербоул финалето

пред 3 часа

Сиетл Сихокс се новите шампиони на НФЛ, откако ги победија Њу Ингланд Патриотс со резултат од 29:13 (3:0, 6:0, 3:0, 17:13) во Супербоул 60 во Санта Клара.

Натпреварот на „Леви“ стадионот мина во апсолутна доминација на Сиетл, пред сè на неговата одбрана, но и на ранинг бекот Кенет Вокер и квотербекот Сем Дарнолд.

За потсетување, на 21 октомври 2019 година, кога Њу Ингланд ги декласира Њујорк Џетс со 33:0, а Сем Дарнолд беше „заслужен“ за таа нула.

Потоа младиот квотербек на Џетс по натпреварот призна пред целиот свет дека буквално „видел духови“ пред себе и дека одбранбената линија на Њу Ингланд го декласирала и ментално и физички.

Шест години подоцна, Дарнолд го предводеше Сиетл до титулата, токму пртив Њу Ингланд.

Во финалето одигра беспрекорно, фрли 194 јарди, а Сиетл стана првиот тим во историјата на Супербоулот што го заврши натпреварот без ниту една загубена топка.

Дарнолд комплетираше „само“ еден тачдаун за Барнер, но исто така го донесе тимот во црвената зона пет пати и му дозволи на шутерот Џејсон Мајерс да испише историја.

Иако без егзекуција, тркачот Кенет Вокер феноменално ја заврши својата работа, „кинејќи“ ја одбраната на Патриотс.

Покрај претходно споменатиот шутер со 5/5 голови од поле и одбраната што го држеше противникот на нула поени до последната четвртина, спектакуларен натпревар одигра и Диксон.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top