Македонските клубови ги дознаа имињата на пртивниците, со кои ќе се соочат, во првото квалификациско коло, во новоформираната Конференциска лига на УЕФА.
Силекс, Шкупи и Струга се македонските преставници во оваа конкуренција, во сезоната 2021/2022.
Силекс ќе игра против Петроклуб од Молдавија, Шкупи за противник го доби Лапи од Косово, а Струга ќе игра против летонскиот клуб Лиелаја.
Првите натпревари на програмата се на 8.јули, а реваншите ќе се одиграат на 15.јули.