Симеоне и Флик се горди на своите фудбалери

Симеоне и Флик се горди на своите фудбалери

пред 1 час

Атлетико Мадрид, по девет сезони повторно ќе игра полуфинале во Лигата на шампионите. На „Метрополитано“ во Мадрид, Барселона го победи Атлетико со 2.1 во реваншот, но „јорганџиите“ со вкупен резултат 3:2 изборија место меѓу најдобрите четири екипи во Европа.

По натпреварот, кој беше исклучително интензивен, со силно темпо, тренерите Диего Симеоне и Ханси Флик рекоа дека се горди на своите фудбалери.

„Поминаа 14 години и искрено, гледам тим кој сè уште се натпреварува, и тоа навистина ме трогна. Играчите се променија, мораше многу пати да почнеме од нула за да создадеме тим, а сепак повторно сме меѓу четирите најдобри во Европа“, гордо рече Диего Симеоне.

„Вложивме огромен напор во првото полувреме и покрај некои индивидуални грешки, успеавме да се вратиме во натпреварот. Голот беше вистинска убавина. Второто полувреме беше порамноправно. Промените ни дадоа енергија, а тие изгубија дел од темпото што го покажаа во првото полувреме“, смета аргентинскиот тренер.

Атлетико беше поразен од Барселона во Мадрид по втор пат за десет дена, со резултат од 2:1, но успеа да ја одбрани победата од 2:0 на Камп Ноу и покрај големите искушенија во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Требаше да постигнеме уште еден гол во првото полувреме. Навистина брилијантно го одигравме. Горд на тоа. Меѓутоа примивме гол. На крајот таков е фудбалот. Но ставот на моите фудбалери, навистина ме прави горд“, рече Ханси Флик по натпреварот и дополни.

„Следниот чекор е да ја освоиме Ла Лига. Мораме да го потврдиме ставот, менталитетот. Сите сме разочарани. Голем сон е за сите да ја освојат Лигата на шампионите. Секако дека мора да учиме, но имаме и млад тим. Мора да се подобриме и ќе се подобриме следната сезона.“

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top