Бен Симонс нема да жали пари само за да замине од Филаделфија Севентисиксерс. Австралиецот е незадоволен бидејќи беше означен како виновник за елиминацијата од Атланта Хокс, во полу-финалето во плејофот.
Локалните медиуми во Филаделфија, повикувајќи се извори блиски до кошаркарот, рекле дека Симонс ќе плати и казна од 1,3 милиони долари бидејќи не се појавува на тренинзите.
„Добив информација дека Бен Симонс ќе плати само за да не тренира со тимот“, изјавил новинарот Брајан Виндхорст.
Симонс е еден од водечките дефанзивци во лигата, меѓутоа проблем претставува неговата игра во нападот.
Кошаркарот изразил желба да се пресели во редовите на Голден стејт Вориорс.