Јаник Синер, вчера го освои првиот Мастерс трофеј оваа сезона, во финалето во Париз го победи Феликс Оже-Алијасим (6:4, 7:6). Италијанецот по триумфот на Мастерсот во Париз, по два месеци се врати на челната позиција на АТП листата.
Јаник Синер на првото место има 11.500 поени, односно 250 повеќе од Карлос Алкараз, кој неочекувано во Париз испадна во втората рунда. Кој ќе биде прв на крајот од годината ќе биде решено на завршниот Мастерс во Торино.
Александар Зверев е на третата позиција со 5.560 поени, додека Американецот Тејлор Фриц е четврти со 4.735.
Новак Ѓоковиќ ја задржа петтата позиција, по него следува Американецот Бен Шелтон, кој се искачи за една позиција.
Австралиецот Алекс де Минор падна на седмото место, додека Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим го подобри својот ранг за две позиции и сега е осмиот тенисер во светот.
Италијанецот Лоренцо Музети и Норвежанецот Каспер Руд назадуваа за по една позиција. Музети моментално е деветти во светот, додека Руд е на 10-то место.






