Синот на милијардер и нов Ф1 возач, Мазепин во скандал со непристојно „пипкање“

Синот на милијардер и нов Ф1 возач, Мазепин во скандал со непристојно „пипкање“

пред 4 години

Рускиот возач, 21-годишниот Никита Мазепин, кој од следната сезона ќе вози во тимот на Хас Ф1 на местото на Роман Грожан, јавно се извини откако на Интернет се појави видео во кое тој непристојно допира една жена на задно седиште на автомобил.

Во видеото, Мазепин, кој ќе му биде колега на Мик Шумахер во американскиот тим следната сезона, седи напред на совозачкото место со девојката заед него, по што тој ја пружа раката и ја фаќа за градите. Девојката го одбива овој потег и му покажува среден прст.

Иако ова беше бргу отстрането од неговата Инстаграм страница, 23-секундниот видео-клип веднаш стана „хит“ на Интернет, и Хас реагираше со соопштение.

„Не го одобруваме однесувањето на Никита Мазепин во видеото кое неодамна беше објавено на социјалните мрежи. Работата ќе се реши внатрешно во тимот и нема да има дополнителни коментари“, велат од Хас.

И Мазепин објави извинување на Инстаграм до својот тим, велејќи дека мора да се држи „до повисоки стандарди“.

Мазепин и пред Ф1 дебито го следат контроверзи, посебно бидејќи неговиот татко, милијардерот Дмитриј Мазепин долго време бараше да купи Ф1 тим за неговиот син, а сега стана голем инвеститор во Хас Ф1. Мазепин во 2016 година доби суспензија од една трка во Ф3 шампионатот поради физичка пресметка со Англичанецот Калам Илот.

Share
Scroll to Top