Алпин го потврди составот на возачите за следната сезона. Покрај Пјер Гасли ќе вози Џек Дуан.
Момчето чиј татко е легендарниот шампион во Мото ГП, Мик Дуан, е тест возач на Алпин оваа сезона. Тимот објави дека 21-годишниот Австралиец следната сезона ќе го замени Естебан Окон и ќе вози покрај Пјер Гасли.
Дуан помладиот минатата сезона беше во јуниорскиот тим на Ред Бул и заврши на третото место во вкупниот пласман ви Ф2 шампионатот. Притоа забележа три победи.
Естебан Окон кариерата ќе ја продолжи во Хас.