Сити или Флуминенсе, кој ќе го освои клупскиот Мундијал?

Сити или Флуминенсе, кој ќе го освои клупскиот Мундијал?

пред 9 месеци

Финалниот натпревар на Светското клупско првенство на ФИФА ќе се одигра вечрва од 19 часот.

За титулата е се борат европскиот и јужноамериканскиот шампион, Манчестер сити и Флуминенсе.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Крал Абдула“ во Џеда, Саудиска Арабија.

Двата тима лесно ги минаа своите противници во полуфиналните натпревари. Европскиот првак Сити со 3:0 славеше против шампионот на Азија, Урава, а Флуминенсе со 2:0 го победи африканскиот првак Ал Ахли.

Сити во финалето ќе игра без двајцата од најдобрите фудбалери и најголеми ѕвезди, повредените Кевин де Брујне и Ерлинг Халанд.

Двајцата се рехабилитираа од повредите, но неможат да настапат поради правилата на ФИФА.

Имено, ФИФА не дозволува играчи кои не биле пријавени за полуфиналето да играат во финалето.

Новиот светски шампион ќе заработи 4,65 милиони евра, додека поразениот ќе си однесе дома 3,5 милиони евра.

Share
Scroll to Top