Сити има „јак“ адут за жалбата што ја поднесе пред Независната комисија

Сити има „јак“ адут за жалбата што ја поднесе пред Независната комисија

пред 3 часа

Манчестер Сити останува уверен дека жалбата на клубот против одлуката на Независната комисија дека клубот е виновен по 114 точки од обвинението за кршење на правилата на Премиер лигата ќе биде успешна.

Како што попладнево, објавија британските медиуми, Манчестер Сити ќе тврди пред новата Независна комисија дека бројни документи на Владата на Абу Даби, како што се банкарски извештаи, евиденција и сметки, не биле земени предвид без никаква основа.

„Граѓаните“ тврдат дека ова е доказ дека парите дошле од владата на Абу Даби, врз основа на разни договори за спонзорство.

Клубот, исто така, вели дека има нови докази од Владата на Абу Даби, кои ја потврдуваат точноста на оригиналните документи. Се очекува „Сити да ги искористи доказите за да ја оспори валидноста на документите на Владата на Абу Даби пред жалбениот комитет.

Потврдувајќи ја жалбата на клубот, Сити рече дека мислењето на панелот содржи „неколку јасни и фундаментални грешки во правото, принципите и фактите и е неодржливо“.

„Клубот не е виновен за обвинувањата изнесени од Премиер лигата, а постои обемна збирка неоспорни докази што ги поддржуваат сите ставови на клубот во врска со овој случај“, се додава во соопштението на Сити.

Временската рамка во која би можела да се реши жалбата на Сити останува неизвесна, иако клубовите од Премиер лигата се надеваат дека санкциите ќе бидат изречени уште оваа сезона.

Во понеделникот, англиските медиуми објавија дека на Сити ќе му бидат одземени голем број бодови, поради што клубот најверојатно ќе испадне во Чемпионшип. Покрај тоа, клубот се соочува со одземање бодови и голема казна и за следната сезона.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top