Сити нуди 30 милиони за Бразилецот од Џирона

Сити нуди 30 милиони за Бразилецот од Џирона

пред 12 месеци

Манчестер сити е сериозно заинтересиран за 19-годишниот бразилски напаѓач на Џирона, Савио. Бразилецот е играч на Троа, кој минатата сезона беше позајмен во ПСВ Ајндховен, а од оваа сезона е на позајмица во Џирона.

Младиот фудбалер се наметна, на 20 натпревари во сите натпреварувања постигна пет гола со исто толку асистенции.

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо пренесува дека Сити е подготвен да плати 30 милиони евра.

Претставниците на „граѓаните“ веќе стапиле во контакт со играчот и неговиот тим, но во секој случај, тој ќе остане во шпанскиот клуб до јуни 2024 година.

Освен Сити, за Савио се заинтересирани уште неколку клубови од Премиер и Бундеслигата.

Share
Scroll to Top