Скандал во БиХ – менаџер платил „капар“ за да игра негов играч во репрезентацијата

Скандал во БиХ – менаџер платил „капар“ за да игра негов играч во репрезентацијата

пред 3 години

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја „тресе“ голем скандал, откако еден менаџер се пофали дека купил место на негов играч во националната репрезентација, објави телевизијата „Н1“.

Во написот се објавува преписка на еден менаџер кој тврди дека неговиот фудбалер ќе игра во пријателскиот меч против Костарика на 27 март оваа година во Сараево.

„Мојот мора да биде повикан и мора да брани на пријателска на 27.3 против Костарика. Така се договорив и дадов капар“, стои во пораката.

Поранешниот репрезентативец на БиХ, Елвир Болиќ вели дека ова е постојана практика.

„Ова не е проблем со кој се среќаваме првпат, така што многу работи ќе излезат на виделина. Ова не се случува само сега, туку и кога ние игравме“, вели Болиќ.

Асмир Беговиќ, голманот на Евертон, кој последен пат беше повикан минатата година, исто така имаше свој коментар.

„Фудбалот во БиХ го водат криминалци. Вицо, Миске, Петев, дружина на менаџери. Наместо да бидеме репрезентација која ја обединува земјата, станавме страница на ‘Ибеј’ која полни џебови на криминалци“, напиша Беговиќ на Твитер, повикувајќи го претседателот на фудбалскиот сојуз, Вицо Жељковиќ и поранешниот соиграч од репрезентацијата, Звјездан Мисимовиќ, како и селекторот Ивајло Петев.

Share
Scroll to Top