Сколс: Де Лихт немаше место во Баерн, а тие го донесоа во Јунајтед

Сколс: Де Лихт немаше место во Баерн, а тие го донесоа во Јунајтед

пред 1 месец

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, кој сега работи како колумнист и фудбалски аналитичар, не е импресиониран од потегот на клубот да ги ангажира Матијас Де Лихт и Нусар Мазрауи.

Матијс де Лихт и Нусаир Мазраиу, во пакет пристигнаа од Баерн. Манчестер јунајтед за нив плати 60 милиони евра.

На Сколс особено не му се допаѓа трансферот на Де Лихт, загрижен е дека Холанѓанецот нема да биде решение за проблемите што ги има Јунајтед во дефанзивата.

Де Лихт во последните две сезони одигра 53 натпревари за Баерн.

„Зборуваме за играчи кои не можеа да влезат во тимот на Баерн. Де Лихт не играше премногу за нив, тоа е загрижувачки, особено кога се знае дека на неговата позиција предност имаше Ерик Даер. Тоа ме загрижува. Претходно Јувентус се ослободи од него, тој не беше доволно добар за да остане таму, а очигледно не беше доволно добар ниту за Баерн“.

Тој исто така го критикуваше својот поранешен клуб дека се држи до политиката да носи за големи пари фудбалери кои претходно работеле со Тен Хаг.

Мазрауи и Де Лихт играа за Ајакс за време на времето на Тен Хаг на чело на клубот од Амстердам.

Покрај овој двоец, претходно за Тен Хаг играа и Лисандро Мартинез, Антони и голманот Андре Онана.

Share
Scroll to Top