Сколс: Шампионската трка во Англија е завршена

Сколс: Шампионската трка во Англија е завршена

пред 2 часа

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, верува дека трката на Арсенал за титулата во Премиер лигата е завршена по катастрофалниот викенд за нив. Поранешниот играч од средниот ред верува дека моментумот целосно е на страната на Манчестер Сити откако „топџиите“ не успеаја да ја одржат истата предност на врвот на табелата, пишува „Goal.com“.

Ситуацијата во трката за титулата во лигата драматично се промени минатиот викенд, при што предноста на Арсенал на врвот на табелата се намали на само шест бода. Тимот на Микел Артета претрпе шокантен пораз од 2-1 на домашен терен од Борнмут, додека Манчестер Сити ја покажа својата доминација со убедлива победа од 3-0 против Челзи на „Стемфорд Бриџ“.

Со оглед на тоа што тимот на Пеп Гвардиола има натпревар помалку во однос на своите ривали, притисокот расте пред решавачкиот меѓусебен натпревар на стадионот „Етихад“ во недела од 17.30 часот.

За Сколс, неодамнешниот пресврт во резултатите сугерира дека психолошката предност сега е на страна на синиот тим на Манчестер.

Зборувајќи во подкастот „Добриот, лошиот и фудбалот“, Сколс беше директен во својата проценка на способностите на Арсенал.

11-кратниот освојувач на Премиер лигата, верува дека на „Топџиите“ им недостасува победничкиот инстинкт потребен за да се справат со притисокот во трката за титулата, особено истакнувајќи го нивниот настап во големите натпревари.

„Мислам дека е завршено за Арсенал и целиот моментум е на страната на Манчестер Сити“, рече Сколс.

„За да ја освоите лигата, мора да ги победите вашите ривали во одреден момент. Не сум видел да го прават тоа, тие не победуваат на големите натпревари. Не можам да видам ништо друго освен победа на Сити во недела, едноставно не можам да видам нешт друго.“

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top