Словенија без Шешко против Македонија

Словенија без Шешко против Македонија

пред 46 минути

Бенјамин Шешко ќе ги пропушти претстојните репрезентативни натпревари поради болки во потколеницата. Словенечкиот напаѓач објави порака во која ја објасни ситуацијата и изрази жалење што нема да може да им помогне на своите соиграчи.

Селекторот на словенечката репрезентација, Боштјан Цесар, нема да може да смета на Шешко во претстојниот циклус натпртевари во Лигата на нации.

Поради повредата, напаѓачот го пропушти последниот натпревар на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата против Фулам. Неговиот тренер Мајкл Карик потврди дека Шешко има проблеми со потколеницата и додаде дека не е јасно кога ќе може да се врати на теренот. Поради ова, словенечкиот фудбалер ќе пропушти четири натпревари на репрезентацијата.

Словенија новиот циклус во Лигата на нации ќе го отвори против Шкотска на 26 септември, а три дена подоцна ќе ја пречека Македонија. Потоа на 3 и 6 октомври, Словенците ќе гостуваат во Швајцарија и Шкотска.

Бенјамин Шешко последен пат играше за Словенија во октомври 2025 година, а во текот на минатата година имаше проблеми со разни повреди. Повредата на потколеницата го мачеше на крајот од неговата прва сезона во Премиер лигата.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top