Иако веќе сите ја видоа Аргентина и Лео Меси во полуфиналето на Светското првенство во Катар, во неверојатен пресврт, Холандија успеа да израмни во 101. минута од мечот со итар гол од слободен удар за нова драма на Мундијалот.
Кога Меси зголеми на 2:0 во 73. минута со удар од белата точка, изгледаше дека мечот е веќе „готов“, но во 83. минута само што влезе во игра Вут Вегхорст со одличен гол со глава намали на 1:2 за кревање на атмосферата во финишот на мечот.
Само неколку минути подоцна Стивен Бергхујс имаше одлична шанса но шутираше покрај голот. И покрај сите обиди во 10-те минути продолжението, „оранје“ не успеа да стигне до израмнување. Во драматичната завршница, Вегхорст во 101. минута го постигна својот гол, по фантастичната асистенција од Копмајнерс, на која „падна“ цела одбрана на Аргентина!
OMG THE NETHERLANDS HAVE EQUALIZED IN THE 101ST MINUTE THROUGH WEGHORST 🤯pic.twitter.com/DJU1nuftGw
— PointsBet Sportsbook (@PointsBetUSA) December 9, 2022