Ливерпул добива тешки удари оваа сезона. Актуелните шампиони се во тешка криза, вчера во Лидс останаа без победата во 96-та минута од натпреварот.
Лидс и Ливерпул одиграа 3:3, откако Ливерпул водеше 0:2, Лидес се врати во мечот, Собослај погоди за 2:3, а потоа Танака ги шокира гостите.
Доминик Собослај и пред две недели доживеа сличен шок, во дресот на Унгарија кога загуби од Република Ирска. Ирците се изборија за место во баражот, а Унгарија остана без пласман на Светското првенство.
„Не знам што се случи по 2:0. Мислевме дека натпреварот е завршен“, изјави унгарскиот фудбалер за „Скај Спортс“ и продолжи:
„Пред натпреварот рековме дека ова е натпревар во кој не смеме да го потцениме противникот. Можеби по пеналот, моментумот се префрли на нивна страна, па израмнија на 2:2. Се вративме и тоа беше наша добра реакција, но примањето уште еден гол навистина не е пријатна работа.“
Собослај не може да го лоцира проблемот, тој дури и не сакаше да зборува за тоа за што разговарал со своите соиграчи.
„Она што се случува во соблекувалната, останува во соблекувалната и не е за јавноста. Мора да најдеме излез од ова, мора да најдеме решение. Доаѓа момент кога треба да се погледнете себеси, да размислите за себе и да се прашате дали сте направиле сè што можевте. Ако одговорот е да, тогаш само треба да продолжите и моментумот ќе дојде. Минатата година бевме шампиони, сега дури и не знам кои сме на табелата. Секој тим овде е добар, секој тим сака да го победи шампионот и тоа го знаевме добро пред почетокот на сезоната. Мора да најдеме решение, мора да преземеме одговорност“.
Foto/ EPA






