Сопругата на Златан: Кога го сретнав, видов идиот со голем нос и златен часовник

Сопругата на Златан: Кога го сретнав, видов идиот со голем нос и златен часовник

пред 4 години

Златан Ибрахимовиќ секогаш го предизвикува вниманието на фудбалските фанови со својата екстравагантност и „чалам“, но од друга страна се работи за верен сопруг на Хелена Сeгер, со која има два сина.

50-годишната Сегер е поранешна манекенка и маркетинг-експерт, и покрај тоа што е 11 години постара од него, никогаш не ја „играше“ улогата на типична сопруга на фудбалер. Таа ретко дава интервјуа, но открива дека средбата со Златан дефинитивно не била љубов на прв поглед.

„Кога се запознав со Златан, тој имаше 21 година, а јас 32. Имав кариера и пари и немав потреба од фудбалер да ме изддржува. Искрено, морам да признаам дека тој не беше мој тип. Првпат кога го видов ми се препречи на патот со своето Ферари. Тогаш видов само еден идиот со голем нос и златен часовник. Бев лошо расположена и почнав да му викам. Мислам дека тоа му се допадна“, вели Сегер.

Share
Scroll to Top