Вељко Пауновиќ е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Ќе го има своето деби на клупата на 13 ноември, во Англија.
Одлуката за назначување на селекторот ќе ја потпишат членовите на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), на состанокот следната недела.
По серија исцрпни преговори, синоќа беа дефинирани клучните детали за соработката меѓу ФСС и новиот селектор. Оставено е време двете страни, да го обликуваат договорот во писмена форма и потоа да ја официјализираат идната соработка.
Одговорот пристигна навреме и веќе е јасен: Вељко Пауновиќ ќе биде 12-ти селектор на Србија со целосен мандат. Тој ќе го наследи Драган Стојковиќ на клупата, кој остави зад себе рекорден ангажман, кој траеше четири години и помалку од осум месеци.
Се очекува Пауновиќ да го има своето деби на 13 ноември, на гостински терен во Англија. Тој ќе го води првиот натпревар во Србија три дена подоцна, против Латвија во Лесковац.
Новиот српски селектор го голем предизвик уште во првите денови од неговиот мандат. Тој ќе има задача да го дефинира конечниот состав за ноемвриските натпревари. Србија не се откажа од второто место и пласманот во плејофот за Светското првенство во 2026 година.
Според сознанијата на „Спортклуб“, Пауновиќ би можел да добие и пошироки овластувања во спортскиот сектор. Дотогаш, ќе следи официјализирањето на новиот договор и заклучувањето на списокот за премиерата на „Вембли“.
Foto/ EPA






