Стартува новата сезона во ЛШ – Сите ја сакаат круната на ПСЖ

Стартува новата сезона во ЛШ – Сите ја сакаат круната на ПСЖ

пред 3 часа

Вечерва со натпревари во Атина и Бриж ќе биде отворена 35-та сезона во Лигата на шампионите. Од 18.45 часот на програмата се натпреварите АЕК Атина-ЛАСК Линц и Клуб Бриж-Астон Вила. Дербито на вечерта се игра во Мадрид, Реал ќе го пречека Интер.

ПСЖ и оваа сезонаја брани титулата во најпрестижното клупско натпреварување во светот.

Како што е добро познато, 36 тима ќе се натпреваруваат во лигашката фаза, а осум клуба одат директно во осминафиналето, додека тимовите од деветтата до 24-та позиција ќе играат плеј оф за место во осминафиналето.

Нема сомнение дека сите клубови го сакаат скалпот на ПСЖ. „Светците“ две сезони по ред ја освоија титулата.

Суперкомпјутерот на Опта пресмета дека главен фаворит за освојување на титулата е Арсенал, следуваат Баерн Минхен, Манчестер Сити, Барселона, ПСЖ и Реал Мадрид.

Секако, имаме и тимови кои за прв пат учествуваат во Лигата на шампионите. Тоа се Комо, ЛАСК од Линц, норвешки Викинг и Сабах од Баку.

Неколку клубови исто така ќе имаат амбиција да го подобрат својот настап од минатата сезона во ова натпреварување. Прво, Интер, кој елиминиран од плејофот за осминафиналето, кога Боде/Глимт беше подобар во двомечот.

Во првото коло од ова сезонско издание на натпреварувањето нè очекуваат неколку дербија, од кои првото е дуелот меѓу Реал Мадрид и Интер Милан, кој е закажан за вторник во 21:00 часот во Шпанија, како и натпреварот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид, кој ќе се игра во исто време во среда. Утре интересно ќе биде и во Неапол каде што ќе гостува Арсенал.

ПСЖ ќе ја започне одбраната на трофејот во среда во 21:00 часот, кога ќе го пречека Слован од Братислава во Париз.

Финалето ќе се игра на 5 јуни на стадионот на Атлетико Мадрид.

Денешната програма во Лигата на шампионите:

Од 18.45 на програмата се дуелите АЕК-ЛАСК и Бриж-Астон Вила. Од 21 часот ќе се сретнат: Реал-Интер, Порто-Манчестер Сити, Борусија Дортмунд-Вињареал, Лил-Бетис.

Комплетни двојки од првото коло:

Foot/ Depositphotos

Share
Scroll to Top