Стрицова му кажа збогум на тенисот

Стрицова му кажа збогум на тенисот

пред 4 години

Поранешната шампионка на Вимблдон во двојки, Барбора Стрицова од Чешка објави дека се повлекува од активното играње тенис.

35-годишната тенисерка која годинава ќе стане мајка за првпат се надева дека барем уште еднаш ќе може да настапи пред публика пред да го „закачи рекетот“.

Стрицова својот најдобар пласман во сингл го има пред 2 години откако во полуфиналето на Вимблдон загуби од Серена Вилијамс. Тогаш стигна до 16-тата позиција на ВТА листата.

Истата година го освои и турнирот во Су Веј Шеј, во двојки, а стигна и на првата позиција во дубл, на светската листа.

Во март годинава објави дека е бремена.

Share
Scroll to Top