Струга ТЛ ако го мине Слован ќе игра против Флора или Целје

Струга ТЛ ако го мине Слован ќе игра против Флора или Целје

пред 3 месеци

Македонскиот шампион Струга ТЛ го доби потенцијаниот противник во второто коло, во Лигата на шампионите.

Струга ТЛ во првата рунда ќе игра против шампионот на Словачка, Слован. Првиот натпревар ќе се одигра на 9/10 јули во Братислава, реваншот е една недела подоцна.

Доколку Струга ТЛ го мине Слован, во втората рунда за противник ќе го има победникот од пресметката меѓу Флора Талин (Естонија) и Целје (Словенија).

Термините на овие овие натпревари се 23/24 јули, односно 30/31 јули.

Доколку Струга ТЛ не успе да се пласира во втората квалификациска рунда во Лигата на шампионите, ќе игра во второто квалификациско коло во Конференциската лига.

На денешната ждрепка во Нион, противниците во втората рунда ги добија и останатите екипи од регионот.

Српскиот вицепрвак Партизан, во патеката на шампионите ќе игра против Динамо Киев. Првиот меч се игра во Украина, реваншот е во Белград. Втората двојка од овој дел на ждрепката е Лугано-Фенербахче.

Доколку го елиминира Њу Сејнтс (Велс), шампионот на Црна Гора, Дечиќ ќе одигра двомеч со Ференцварош и ќе биде домаќин во реваншот.

Шампионот на Босна и Херцеговина, Борац прво мора да ја мине Игнација (Албанија), а доколку биде успешен го очекуваат натпревари со ПАОК.

Share
Scroll to Top