Суарез го прослави јубилејот – 500 голови во кариерата

Суарез го прослави јубилејот – 500 голови во кариерата

пред 4 години

Луис Суарез, со 500. гол во кариерата, синоќа, на Атлетико му ја донесе победата над Алавес. Уругваецот, во 54. минута, го постигна единствениот гол на натпреварот. голот против Алаваес беше 19 за него во Ла Лига.

Суарез, со синоќешното остварување им се приклучи на Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Златан Ибрахимовиќ и Роберт Левандовски. Овие петмина единствени од активните фудбалери ја надминале бројката од 500 гола во своите кариери.

„Горд сум на ова постигнување. Покрај јубилејот, важно е што со овој гол ја обезбедивме победата над Алавес“, рекол Суарез.

На утринскиот тренинг со интересна фотографија тој го прослави јубилејот.

Инаку, најмногу голови во кариерата, Луис Суарез, постигнал во дресот на Барселона. Со 198 голови, тој е трет најдобра стрелец во историјата на Барселона.

 

Share
Scroll to Top