Таткото на Мегваер со две скршени ребра по турканиците пред „Вембли“ во неделата

Таткото на Мегваер со две скршени ребра по турканиците пред „Вембли“ во неделата

пред 3 години

Алан – таткото на англискиот фудбалски репрезентативец, Хари Мегваер (28) бил тешко повреден пред неделното финале на ЕУРО 2020 на „Вембли“.

Група англиски хулигани се обидеа на сила да влезат на стадионот за да го гледаат финалниот меч. При судирот со полицијата настрадале и оние навивачи кои се нашле во погрешно време на погрешно место.

Меѓу нив бил и Алан Мегваер (56) кој се нашол на земја, па дел од навивачите згазиле врз него. Несреќниот човек завршил со две скршени ребра, а да не интервенирала брзата помош затоа што не можел нормално да дише, ситуацијата веројатно ќе била уште полоша.

УЕФА покрена постапка против Англија поради судирот на хулиганите и полицијата, па се очекуваат драконски казни за организаторите на финалето.

Share
Scroll to Top