Голферската легенда, Тајгер Вудс, возел со брзина речиси двојно повисока од дозволената, кога во февруари ја загуби контролата на автомобилот и излета од патот, објави полицијата во Лос Анџелес.
Тие потврдија дека тој возел помеѓу 84 и 87 милји на час (135-140 км/ч) во зона којае дозволено да се вози само 45 милји на час, откако самиот Вудс реши да не го искористи правото овие податоци да останат тајни.
Причината за инцидентот било невнимателното и небезбедното возење и неможноста Вудс да влезе во кривината, но беа отфрлени шпекулациите дека тој го користел телефонот кога излетал. Исто така, тој не бил под дејство на алкохол, ниту дроги.
Вудс вели дека не се сеќава на судирот во кој доживеа посериозни повреди на нозете и беше на операција. Тој продолжува со рехабилитацијата во својот дом во Флорида.