Тевез Ферги сакаше да ми ја намали цената, се преселив во Сити од одмазда

Тевез Ферги сакаше да ми ја намали цената, се преселив во Сити од одмазда

пред 1 час

Легендарниот Аргентинец, Карлос Тевез, проговори за периодот од карирата кога беше дел од Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Кариерата на Карлос Тевез беше исполнета со трофеи, но и проследена со контроверзии. Темпераментните гаучос предизвикаа гнев кај навивачите на Манчестер Јунајтед кога се пресели во редовите на градскиот ривал Сити, со кого повторно беше шампион на Англија.

Како дошло до тој трансфер, Аргентинецот откри во разговор со својот поранешен соиграч во клубот од „Олд Трафорд“, Рио Фердинанд.

Тевез помина две сезони во Јунајтед како позајмен играч од Вест Хем. Во тој период ја освои Лигата на шампионите и играше во финалето, освои две Премиер лиги, еден ФА Куп и Лига Куп и Светското клупско првенство во 2008 година.

И покрај фактот дека успешно го носеше дресот на „Црвените ѓаволи“ и постигна 34 гола на 99 настапи, со 14 асистенции, Манчестер Јунајтед не го откупи неговиот договор.

Наместо тоа, тој заврши во редовите на градскиот ривал. Тој вели – од одмазда.

„Ах, Рио, види… Чувствувам дека дадов многу на двата клуба. Имав добри периоди и во Јунајтед и во Сити… тоа беше еден вид одмазда од моја страна, бидејќи не ми беше вратено во иста мера за она што го дадов“, рече Тевез кога Фердинанд го праша кој од двата клуба од Манчестер е подобар за него.

Карлос Тевез помина четири сезони во Сити, запиша 148 настапи, 73 гола и 33 асистенции, и по еден трофеј во Премиер лигата и во ФА Купот. И покрај сето тоа, поранешниот напаѓач многу емотивно зборува за периодот поминат на „Олд Трафорд“.

„Пред да дојдам на позајмица, луѓето од Манчестер Јунајтед разговараа со мене и ми кажаа дека по една година ќе го откупат договорот. По завршувањето на сезоната, Ферги ми рече: „Карлос, ќе останеш во Јунајтед. Сега треба да платиме за доаѓањето на Бербатов, но не грижи се, ќе го поправиме и твојот договор, ќе те откупиме“, се присети Тевез на разговорот со тренерот Алекс Фергусон.

После тоа, тимот отиде на подготовки, а кога започна сезоната, Аргентинецот добиваше сè помалку време за играње.

„Мислам дека Фергусон имаше шест месеци од денот кога разговаравме за да го исполни своето ветување. Но, тој не го стори тоа. Напротив, почна да ме остава на клупата. Имав впечаток дека намерно ме става настрана за да ја намали цената. Тоа најмногу ме повреди.“

Тевез беше разочаран од реакцијата на навивачите кои се свртеа против него.

„Луѓето не ја разбираа ситуацијата, не знаеја за тој разговор со Ферги или што се случуваше зад сцената. Ми беше тешко, бидејќи чувствував дека му го дадов срцето на Јунајтед, а не добив истото за возврат. Ја освоивме Лигата на шампионите, првенството, а потоа, само за да ја намалат мојата цена, доведоа друг напаѓач. Продолжив да работам како порано, во текот на првата сезона, но како што минуваше времето, повеќе не сакав да имам никаква врска со нив“, призна Тевез.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top