Женската ракометна репрезентација на Македонија, доживеа тежок пораз во Романијаод 33:22 (15:11), во првиот бараж-натпревар за пласман на Светското првенство.
Македонија, добро се држеше во првите 15 минути од натпреварот. Романија имаше предност од 5:4, а потоа за само четири минути со серија 7:0, домашните ракометарки создадоа предност од осум гола (12:4).
До крајот на полувремето Македонија ја преполови разликата (15:11).
По слично сценарио се одвиваше и вториот дел. Периодот од девет минути во кој Македонија не постигна гол, Романките го искористија да ја врата максималната предност од осум гола (22:14).
До крајот Ромаките само ја зголемија предноста, со што направија реваншот во Скопје да биде само формалност.
Само пет ракометарки ги постигнаа головите за Македонија. Најефикасна беше Ристовска со осум, Стојковска и Јанеска постигнаа по пет, Боризовска три, a Стојановска еден гол.
Кај Романките една третина од головите, вкупно 11, постигна Неагу.
Фото/macedoniahandball.com.mk