Аргентинскиот суд одлучи дека телото на легендарниот Диего Марадона мора да биде сочувано за да се дозволи ДНК анализа за сите негови случаи за одредување на татковството по неговата смрт минатиот месец на 60 години.
Марадона беше погребан на 26 ноември на гробишта во близината на Бунеос Аирес, и иако неговите законски претставници објавија дека веќе има примероци на ДНК-та на Марадона, судот одреди дека не смее да се дозволи кремирање на телото.
Марадона има пет деца кои ги признава пред својата смрт, но се верува дека уште шест деца чекаат процедура за нивно признавање. Од тие шест, 25-годишната Магали Хил изјави дека дознала дека Марадона и е татко пред само две години.
Марадона официјално призна пет деца – четири во Аргентина и едно во Италија, Диего Јуниор, кого го призна во 2006 година. Овие барања доаѓаат по почнувањето на процедурата за распределба на неговото богатство од проценети 100 милиони долари.