Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг му порача на неговиот тим дека мора да научи да „игра валкано“ ако сакаат да имаат успех оваа сезона, обвинувајќи ги ѕвездите дека биле пасивни при 6:3 поразот од Манчестер сити, по што мораа да се бранат против Омонија Никозија во меч од Лига Европа во четвртокот, пред да стигнат до тесна 3:2 победа.
Следен меч им е дуелот со Евертон, кои немаат пораз од август и Тен Хаг очекува остра битка на „Гудисон парк“ во недела.
„Морам да продолжам да ги потсетувам дека треба да играат умно, но и дека мораат да играат валкано. Секој фудбалер во тимот мора да ја преземе одговорноста индивидуално и во исто време да има тимска кулутра. Тоа е барањето од нас до фудбалерите. Очекувам моите фудбалери да се храбри на теренот“, објаснува Холанѓанецот.
Тој исто така побара трпение додека ги имплементира своите методи во играта, но верува дека одат во вистински правец.
„Прогрес не се прави за една недела или за еден месец. Јасно е дека Сити се стандард за сите. Има и други тимови, но мислам дека можеме да се справиме со нив, како против Арсенал и Ливерпул, но сега мораме да го правиме тоа постојано. Нема да дојде преку ноќ, туку се потребни месеци“, додав Тен Хаг.