Тенисерката број еден во светот го откажа настапот на Завршниот мастерс

Тенисерката број еден во светот го откажа настапот на Завршниот мастерс

пред 22 минути

Елена Рибакина, тенисерка број еден во светот, го откажа својот настап на Завршниот Мастерс, финалниот турнир на осумте најдобри тенисерки во сезоната, кој започнува во недела во Индијан Велс.

Казахстанката, која го освои турнирот минатата година во Ријад, наведе дека физички не е подготвена да настапи на турнирот. Цела недела имала вирусна инфенција.

„Многу ми е жал што морам да ги известам навивачите дека се откажувам од финалето на ВТА оваа година. Имав неверојатна сезона, но моето тело не е физички подготвено да се натпреварува. Ќе се одморам и ќе се опоравам дома, а потоа ќе почнам да се подготвувам за 2027 година“, рече Рибакина.

Повлекувањето не влијае на нејзиниот статус како тенисерка број еден во светот, кој го обезбеди до крајот на годината.

Рибакина освои четири турнири оваа сезона, меѓу кои и Отвореното првенство на Австралија и Отвореното првенство на САД. Сезоната ја заврши со сооднос од 54 победи и 14 порази.

На крајот од минатиот месец, поради повреда на вратот, таа се предаде без борба во четвртфиналето во Токио. Иако првото место на крајот од годината веќе беше обезбедено, таа сепак не успеа да пристигне подготвена за завршниот турнир во сезоната.

Наместо Рибакина, на турнирот ќе настапи Украинката Марта Костјук. Во недела, таа ќе игра против Чехинката Линда Носкова во првото коло од Група 1, а во истата група се и Американките Коко Гоф и Џесика Пегула.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top