Тео ги одби милионите од Саудиска Арабија, сака да се врати во Мадрид

Тео ги одби милионите од Саудиска Арабија, сака да се врати во Мадрид

пред 9 месеци

Тео Ернандез неодамна ја одби понудата од Ал Хилал бидејќи сака да остане во Европа. Милан и Ал Хилал постигнаа договор, трансферот требаше да тежи 35 милиони евра, но на францускиот дефанзивец не му се допадна дестинацијата.

Ернандез изрази желба да остане во Европа, а Атлетико Мадрид е заинтересиран за него.

Преговорите меѓу „Јорганџиите“ и Милан се започнати, но сè уште не е постигнат конечен договор во врска со обештетувањето. Атлетико се обидува да ја намали цената, Милан не се откажува, а желбата на Ернандез е да се врати во шпанската престолнина.

Францускиот репрезентативец ја мина академијата на Атлетико, но не дибитраше за првиот тим, беше на позајмици, а по одличаната сезона во Алаваез, Реал го купи за 24 милиони евра.

Share
Scroll to Top