Тепачка меѓу „Фемили“ и „Сити Парк Бојс“пред салата „Јане Сандански“

Тепачка меѓу „Фемили“ и „Сити Парк Бојс“пред салата „Јане Сандански“

пред 3 часа

Едно лице е повредено, а едно приведено, по тепачката што се случи пред салата „Јане Сандански“, меѓу навивачките групи „Фемили“ и „Сити Парк Бојс“.

Инцидентот бил пријавен во СВР скопје, околу 18.55 часот.

Помала група припадници на „Фемили“ нападнала навивачи на Работнички, кои чекале да влезат во салата и да го бодрат својот тим на првенствениот натпревар против Скопје.

На социјалните мрежи се појавија видеоснимки од физичката пресметка меѓу двете групи.

Share
Scroll to Top