Тешко се справува со улогата на резерва – Димитриевски проговори за статусот во Валенсија

Тешко се справува со улогата на резерва – Димитриевски проговори за статусот во Валенсија

пред 2 месеци

Столе Димитиревски, во летниот преоден рок како слободен играч од Рајо Ваљекано се пресели во Валенсија. Планот на клубот беше да го продаде Георги Мамардашвили и на голот да застане Димитиревски.

Валенсија го продаде грузискиот голман во Ливерпул, но во договорот со клубот од „Енфилд“ пој оваа сеозна остана како позајмен играч на „Местаља“. Ваквиот договоро меѓу двата клуба му донесе на Димитриевски статус на резера.

„Ситуацијата е комплицирана, десет години постојано бранев, а сега сум резерва. Тешко се снаоѓам во оваа ситуација. Сега сум во положба кога се обидувам да му помогнам на тимот бидејќи имаме и многу млади играчи. Знаеме дека во фудбалот може да се случат чудни работи, а тоа ми се има случено и претходно. Јас сум во клубот каде што сакав да бидам, сега работам и ја чекам мојата шанса. Се надевам дека тренерот ќе ми ја даде таа шанса“, изјави Димитриевски за „Радио Марка“.

Валенсија, по девет рунди има само една победа и со шест бода се наоѓа на 18.место на табелата. Почетокот на сезоната покажува дека великанот од „Местаља“ сезонава ќе води грчевите борба за опстанок во лигата.

Share
Scroll to Top