Новата надеж на светскиот тенис, данскиот тинејџер Холгер Руне стигна до својата најголема титула во кариерата, освојувајќи го Мастерсот во Париз откако во драматично финале по луда борба во последниот сет стигна до 3:6/6:3/7:5 победа над 21-кратниот гренд слем шампион, Новак Ѓоковиќ.
19-годишниот Руне, кој стана професионален тенисер во 2020, првпат влезе во топ 100 на машкиот тенис во јануари 2022 година, за три месеци подоцна да ја освои својата прва титула на Баварија опен и да влезе во топ 50. На Ролан Гарос, тој стана првиот Данец со пласман во четврт-финале, но таму загуби од подоцнежниот шампион Каспер Руд, кој го обвини дека покажува недостаток на респект кон противникот. Слични критики имаше и од Стен Вавринка по победата во првото коло во Париз, но тинејџерот не застана и во епски камбек против Ѓоковиќ покажа дека е име на кое треба да се смета во иднината.
Ѓоковиќ лесно го освои првиот сет со 6:3 и по фантастичната форма која ја покажа на турнирот, многумина помислија дека исходот е веќе решен, но Руне се врати со исто толку импресивен втор сет за да израмни. за потоа и да има брејк предност во третиот сет. Ѓоковиќ успеа да спаси шест меч топки, но на крајот му ја предаде титулата на младиот тенисер.
Ова беше трето финале за Руне во низа, откако триумфираше во Стокхолм пред три недели, по што загуби во финалето на Свис Индорс во Базел од Феликс Оже-Алијасим, кого го победи во полуфиналето во Берси.
Harder, Better, Faster, HOLGER 🏆
19-year-old @holgerrune2003 SHOCKS Djokovic to clinch his maiden Masters 1000 title in Paris!!#RolexParisMasters pic.twitter.com/C7Z2s7xWJn
— Tennis TV (@TennisTV) November 6, 2022
First Masters 1000 title mood 😁
Bravo @holgerrune2003 👏👏#RolexParisMasters pic.twitter.com/2AX8Sqe5qS
— ROLEX PARIS MASTERS (@RolexPMasters) November 6, 2022