Легендарниот германски фудбалер, Тони Крос, нема дилема, дека престижната „Златна топка“, треба да остане во Париз.
Актуелен лауреат е Усман Дембеле, Крос смета дека оваа година, наградата треба да му припадне на Хвича Кварацхелија.
„Кваратцхелија е без сомнение број еден во моментов. Тој ја заслужува „Златната топка“, воопшто не се сомневам во тоа“, рече Крос и продолжи.
„Минатата сезона, но и на почетокот на оваа, тој е најдобриот фудбалер на најдобриот клуб во светот.“
Минатата сезона, овој 25-годишник одигра 49 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања, каде што постигна 19 гола и додаде 11 асистенции.
И ја отвори оваа сезона на најдобар начин, беше најзаслужен што ПСЖ го освои Европскиот Суперкуп со победа над Астон Вила (2:1).
„Златната топка“ ќе биде доделена на свечена церемонија во Париз, што ќе се одржи на 26 октомври.
Foto/ Depositphotos






