Фудбалерите на Торино и Фиорентина одиграа без победник 1:1, во првиот меч од 20.коло, во Серија А.
Торино не успеа да го освои целиот плен против Фиорентина, и покрај тоа што од 72.минута имаше двајца играчи повеќе на теренот. Кастровили доби црвен картон во 61.минута, а 11 минути подоцна неговата судбина ја доживеа и Миленковиќ.
Фиорентина, дојде до предност, со играч помалку. Во 67.минута ветеранот Рибери постигна гол.
Торино од пораз го спаси најдобриот играч Белоти во 88.минута.
Со овој бод, Торино остана блиску до опасната зона. „Биковите“ имаат 15 бодови, три повеќе од последно пласираниот Кротоне. Фиорентина остана на 12.место со 22 бода.