Лео Меси, еден од најголемите фудбалски ѕвезди во историјата, вчера го прослави својот 34. роденден со изненадување од соиграчите од аргентинската репрезентација додека спиеше.
Тие прво го разбудија Меси по полноќ со колаче со свеќа за да му го честитаат роденденот, а потоа тој им организираше скромна прослава, секако, со прва желба конечно да освои голема титула со Аргентина на Копа Америка 2021, каде што веќе се во четврт-финалето.