Тотенхем активирале клаузула од 2013 година

Тотенхем активирале клаузула од 2013 година

пред 3 години

Кога Герет Бејл, за рекорден трансфер, во 2013 година од Тотенхем се пресели во Реал Мадрид, првиот човек на клубот од Лондон, во договорот вметна клаузула според која „кралскиот клуб“ мора да одигра пријателски натпревар со Тотенхем.

Осум години подоцна, кога во Реал и заборавиле на таа клаузула, на „Сантијаго Бернабеу“, стигнала порака дека летово клубот ќе треба да гостува во Лондон и да одигра пријателски меч со Тотенхем.

Проблем е што Реал веќе го скроиле планот за подготовки, а во тој план не нема место за натпреварот со Тотенхем. Како стојат работите, Карло Анчелоти, ќе мора да направи измени во распоред, во подготвителниот период.

Тотенхем, минатото лето го донесоа Герет Бејл на позајмица, откако првенството заврши клубот реши да не го откупи неговиот договор и тој се врати во Реал.

Share
Scroll to Top