Принцот на Рим, Франческо Тоти, целата своја кариера ја мина во Рома. Започна во март 1993 заврши во мај 2017. Одигра 619 натпревари постигна 250 голови за Рома.
Тоти е легенда, икона на „Волчицата“, но последната сезона не ја памети по добро. Познато е дека односот меѓу Лучано Спалети и Тоти не беше добар, но малкумина можеа да претпостават дека односот меѓу двајцата е толку лош што Тоти веруваше дека поранешниот селектор на Италија се вратил во Рим за да го принуди да го напушти клубот.
„Спалети се врати во Рома во 2016 година само за да ме избрка, со поддршка од клубот. Отсекогаш имав проблем со него. Тој е сосема поинаков човек од оној што беше во 2005 година кога првпат пристигна. Можеби сега мисли дека работев на тоа за да може Клаудио Раниери да го заземе неговото место, но тоа не е вистина. Управата нè повика мене и другите играчи да нè праша кого сакаме за тренер. Кандидатите беа Роберто Манчини, Раниери и уште неколку други. Луѓе од клубот почнаа да ми кажуваат дека морам да престанам да играм. Можеби Рома ме разочара повеќе од Спалети. Реков дека ќе играм бесплатно, ќе дадам сè за клубот, но работите не се движеа во добра насока“, рече Франческо Тоти во интервју за Прајм Спорт.