Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не му е грижа дали фудбалската репрезентација на Иран ќе учествува на претстојното Светско првенство.
Америка, заедно со Канада и Мексико, како што е веќе познато, ќе бидат домаќини на најдобрите светски репрезентации оваа година.
По американскиот воен напад врз оваа земја, големо прашање е дали тимот предводен од Ами Галенои од клупата воопшто ќе учествува на светската смотра.
„Навистина не ми е грижа. Мислам дека Иран е тешко поразена земја. Тие ги користат последните сили“, рече Трамп во интервју за Политико.
Иран беше првиот тим што се квалификуваше за Светското првенство, но репрезентацијата немаше претставник на состанокот што Светската фудбалска федерација ФИФА го свика за земјите учеснички во Атланта, САД.
Откако САД и Израел започнаа напади врз Иран, претседателот на Иранската фудбалска асоцијација, Мехди Таџ, изјави дека репрезентацијата нема да учествува на Светското првенство.
„Она што е сигурно е дека по овој напад не можеме да очекуваме со надеж да го гледаме Светското првенство“, рече тој.
Иран треба да игра против Нов Зеланд во Лос Анџелес на 15 јуни, против Белгија во Лос Анџелес на 21 јуни и против Египет во Сиетл на 26 јуни.
Во случај тимовите на САД и Иран да завршат втори во своите групи, тие потенцијално би можеле да се соочат во елиминациски натпревар на 3 јули во Далас.






