Педри, тинејџерот на Барселона е вистинско откритие оваа сезона. За неколку месеци, овој фудбалер, стана важен дел во играта на славниот клуб. Педри целосно ја има довербата на тренерот Роналд Куман.
Од почетокот на сезоната медиумите шпекулираат колку пари, претходниот клуб на Педи, Лас Палмас, заработил од неговиот трансфер.
Првите информации беа дека Барселона за трансферот на Педри платиле 5.000.000 евра. Меѓутоа, според шпанските медиуми, таа сума е многу поголема.
Претседателот на Лас Палмас, Мигел Анхел Рамирез, рекол дека клубот ќе заработи мало богатство доколку бидат исполнети сите клаузули кои се вметнати во договорот.
„Сите мислат дека го продадовме Педри за 5.000.000 евра, а ние досега добивме 10.000.000 евра. Доколку се реализираат сите клаузули во договорот трансферот би можел да изнесува помеѓу 30 и 35.000.000 евра“, им изјавил на медиумите Рамирез.
Ноинарите на каталонскиот весник „Спорт“, по повод оваа изјава на првиот човек на лас Палмас, побарале одговор од клубот од „Ноу Камп“.
Од Барселона им одговориле дека Лас Палмас, од трансферот на Педри најмногу можат да заработат 20.000.000 евра.
Педри, од поечтокот на сезоната, настапил на 29 натпревари, постгнал три гола и забележал четири асистенции.