Тренерот му забрани на Адама Траире да крева тегови

Тренерот му забрани на Адама Траире да крева тегови

пред 3 часа

Менаџерот на Вест Хем, Нуно Еспирито Санто, му забрани на Адами Траоре да крева тегови во тренинг центарот на клубот.

Нуно ја опиша мускулната градба на Траоре како „неверојатна“, но исто така предупреди дека 30-годишниот фудбалер веќе „носи доволно тежина“.

„Неговите мускули се неверојатни, тоа е генетика. Тој ја има таа генетика долго време и треба да ја избегнува теретаната. Му реков да се држи подалеку од теретана“, рече Еспирито Санто на прес-конференција.

„Мислам дека тоа е едно од нештата што мора да ги разбере. Тој веќе носи доволно тежина. Ќе прави превентивни вежби во теретана, но нема да крева тегови“, додаде тој.

Траоре одигра 20 натпревари за Фулам во сите натпреварувања оваа сезона пред да се пресели во Вест Хем во јануари. Откако се пресели во новиот клуб, тој одигра четири натпревари во Премиер лигата како замена, додека беше во почетниот состав во четвртото коло од ФА Купот против третолигашот Бартон Албион.

Еспирито Санто, кој веќе работеше со Траоре во Вулверхемптон, изјави дека неговата шанса ќе дојде, додека тимот се бори за опстанок во Премиер лигата.

Фудбалерите на Вест Хем утре ќе гостуваат кај Фулам, во натпреварот од 29-то коло од Премиер лигата. Вест Хем моментално е на 18-то место на табелата со 25 бода, два помалку од Нотингем Форест кои се први над опасната зона.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top