Тренерот на голманите Царчев позитивен на коронавирусот

Тренерот на голманите Царчев позитивен на коронавирусот

пред 3 години

Ковид-19 влезе во ракометната репрезентација на Македонија, која се подготвува за квалификациските натпревари со Финска и Швајцарија.

Позитивен тест има тренерот на голманите Александар Царчев.

– Би сакал да ја информирам јавноста дека ден пред собирот на репрезентацијата сум асимптоматски позитивен на Ковид-19 И покрај сите протоколи за заштита од оваа пандемија никој не е сигурен и имун на ова зло. Единствено жалам што во моментов не можам да и помогнам на репрезентацијата за претстојните натпревари со Финска и Швајцарија. Се надевам дека нашите голмани ќе бидат на висина на задачата и како и секогаш ќе допринесат за успех“, напишал на Фејсбук Царчев.

Македонија на 4.ноември ќе ја пречека Финска, а три дена подоцна ќе гостува во Швајцарија.

Фото/macedoniahandball.com.mk

Share
Scroll to Top