Трилер на Силверстон – Хамилтон победи и покрај казната од 10 секунди

Трилер на Силверстон – Хамилтон победи и покрај казната од 10 секунди

пред 3 години

Луис Хамилтон победи на трката за Голема награда на Велика Британија. Актуелниот шампион до победата дојде во конкуренција на Шарл Леклер, кој беше лидер до 50 круг и колегата Валтери Ботас. Бодови освоија и возачите на Мекларен Ландо Норис и Даниел Рикардо, Карлос Саниц јуниор од Ферари, Фернадо Алонсо (Алпин), Ленс Строл (Астон мартин), Естабан Окон (Аплин) и Јуки Цунода (Алфа таури).

На Големата награда на Велика Британија, Хамилтон ја забележа осма победа, вкупно 99.победа во кариерата. Со оваа победа тој за 25 поени ја намали предноста на Макс Ферстапен во вкупниот поредок.

Трката на Силверстон долго време ќе се прераскажува и за оваа трка долго ќе се дебатира поради инцидентот кој се случи во вториот круг, во која беа инволвирани Хамилтон и Ферстапен.

Хамилтон од почетокот на трката го нападна Ферстапен кој стартуваше од пол-позицијата. Холанѓанецот успеа да одбие неколку напади, но во вториот круг, во брзиот „Кобс“ свиок, Хамилтон нападна, излезе со пола болид пред Ферстапен кој потоа притисна на гасот и во моментот кога излезе пред Хамилтон, Брутанецот удри во неогвото задно тркало од десната страна.

Ферстапен со голема брзина излезе од патеката и целосно го уништи болидот. По овој инцидент веднаш беше истакнато црвено знаме, а трката продолжи по половина час. Хамилтон за инцидентот доби казна од 10 секунди.

Рестартот му припадна на Шарл Леклер, кој водеше во трката се до последните два круга, но не можеше да го издржи нападот на Хамилтон, кој Британецот го подготвуваше во последните десет круга, во кои ја стопи разликата од осум секунди.

Наредната трка на програмата е на 1.август во Унгарија.

Share
Scroll to Top