Трипл-дабл и јубилеј за Јокиќ, 53 поени за Мареј – Дончиќ со 43 поени ја реши Индијана

Трипл-дабл и јубилеј за Јокиќ, 53 поени за Мареј – Дончиќ со 43 поени ја реши Индијана

пред 7 часа

Кошаркарите на Денвер славеа победа над Далас 142:135. Натпреварот го обележа Џамал Мареј и јубилејот на Никола Јокиќ. Во исто време, ЛА Лејкерс, предводени од Лука Дончиќ, победија во Индијанаполис (130:137).

Никола Јокиќ повторно постигна трипл-дабл и дојде до 6.000 асистенции во НБА.

Тој стана првиот играч кој достигна 15+ поени, 15+ скока и 15+ асистенции во два последователни натпревари. Против Далас тој забележа 23 поени, 21 скок и 19 (најмногу во сезоната) асистенции.

Сепак, ѕвезда на натпреварот беше Џамал Мареј, постигна 53 поени (33 во првото полувреме), само два помалку од неговиот личен рекорд.

На спротивната страна, Купер Флег беше одличен со 26 поени, осум скока и седум асистенции.

Лејкерси против најлошиот тим во Источната конфренција, Индијана Пејсерс славеа потешко од очекувањата. Лука Дончиќ не дозволи изненадуваше, забележа 43 поени, шест скока и седум асистенции. Голема помош доби од Остин Ривс (25 поени), Леброн Џемј, кој беше на чекор до трипл-дабл (23 поени, по девет скока и асистенции), односно Џексон Хејс (21 поен).

Резултати:

Детроит – Атланта 129:130
/Дурен 26 – Џонсон 27/

Филаделфија – Чикаго 157:137
/Ембид 35 – Гиди 23/

Бостон – Оклахома 119:109
/Браун 31 – Гилџис Александар 33/

Кливленд – Мајами 103:120
/Мичел 28 – Пауел 19/

Мемфис – Сан Антонио 98:123
/Џексон 20 – Васел 19/

Јута – Вашингтон 110:133
/Вилијамс 24 – Рис 26/

Минесота – Хјустон 110:108
/Даниелс 25 – Дурент 30/

Портланд – Милвоки 130:99
/Хендерсон 23 – Ролинс 36/

Голден Стејт – Бруклин 109:106
/Сантос 31 – Вилијамс 19/

ЛА Клиперс – Торонто 119:94
/Ленард 27 – Инграм 18/

Share
Scroll to Top