Менаџерот на Челси, Томас Тухел ги отфрли шпекулациите дека „сините“ се подготвени да го продадат Тимо Вернер, порачувајќи им на новинарите наместо да читаат шпекулации за трансфери да прочитаат по некоја книга.
Вернер има тешка прва сезона на „Стемфорд бриџ“ постигнувајќи само еден гол во 2021 година, додека во Лигата на шампионите последен гол му е тој против Рен на почетокот на ноември. Ова донесе шпекулации дека 25-годишниот Германец сака да се врати во Бундеслигата.
„Доста читате, доста го читате тоа! Читајте некоја книга. Нема книга за Тимо Вернер, така што прочитајте некоја друга книга. За Тимо, нема потреба да се биде фрустриран, бидејќи имаше одличен меч против Ливерпул, најдобриот откако јас пристигнав. Потоа имаше и добар меч со Евертон, иако не даде гол. Советот е да не се фокусира на резултатите, туку на процесот, на одлуките и топката ќе го направи останатото. Сега нема време да се гледа што ќе се случи на лето или следната година“, порача Тухел.