УЕФА го стави Ибрахимовиќ под истрага за сопственост на обложувалница!

УЕФА го стави Ибрахимовиќ под истрага за сопственост на обложувалница!

пред 4 години

УЕФА потврди дека ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ е под истрага на Етичката комисија на федерацијата поради негова вклученост во сопствеништво на компанија за обложување, за што може да има сериозни последици и суспензија до три години.

Веста доаѓа откако Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан минатата недела на уште една сезона, откако оваа година постигна 15 гола во 17 меча во Серија А, а исто така повторно беше повикан во шведската репрезентација.

„Според одделот 31(4) од дисциплинските правила на УЕФА, инспекторот за етички и дисциплински мерки е задолжен да направи истрага за можно прекршување на дисциплинските правила на Златан Ибрахимовиќ околу неговите наводни финансиски интереси во обложувалница“, се вели во соопштението кое УЕФА го објави во понеделникот попладне.

Шведскиот весник „Афтонбладет“ тврди дека на Ибрахимовиќ му се заканува тригодишна суспензија од фудбалот откако неговата „Анкоун АБ“ компанија поседува 10 отсто од акциите на „Бетхард“, веб-сајт од Малта.

Share
Scroll to Top