УЕФА не е за натпревари надвор од Европа, испрати заканувачко писмо до сите членки

УЕФА не е за натпревари надвор од Европа, испрати заканувачко писмо до сите членки

пред 14 часа

Натпреварот од италијанската Серија А помеѓу Милан и Комо ќе се игра во Австралија, бидејќи стадионот „Сан Сиро“ ќе биде зафатен поради отворањето на Зимските олимписки игри во 2026 година, а натпреварот од шпанската Ла Лига помеѓу Барселона и Виљареал ќе се игра во Мајами.

Првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин, зборуваше за оваа тема пред повеќе од еден месец, а сега реши да го изнесе својот став во официјална форма.

Како што објавија светските медиуми, Европската фудбалска унија е решена да се спротивстави на трендот на играње натпревари од националните првенства надвор од границите на земјата, поради што одлучи да заземе цврст став.

Имено, германскиот „Билд“ носи информација дека УЕФА напишала писмо и го испратила на адресата на сите 55 фудбалски асоцијации што работат под нејзин покровителство и ги предупредила повеќе да не прават такви работи. Или попрецизно – да не превземаат ништо без претходна консултација со УЕФА.

„Ова е комплексно прашање кое може да има далекусежни последици и не се однесува само на споменатите асоцијации. Со оглед на чувствителноста на ова прашање, ве молиме не закажувајте вакви натпревари без претходна консултација со УЕФА“, се вели, меѓу другото, во писмото на УЕФА.

Медиумите понатаму наведуваат дека ова прашање ќе биде подетално разгледано на следниот Извршен комитет на УЕФА, кој ќе се одржи на крајот од годината.

Фото/ Принтскрин

Share
Scroll to Top